banerus

За Нас

Компанијата Хас Инженеринг како официјален дистрибутер за индустриска автоматизација на Делта во Северна Македонија, се стреми да ја следи политиката на производителот кон своите клиенти.

Делта, основана во 1971 година, е глобален лидер за индустриски напојувања и производи за термичко управување со сериозно портфолио на паметни системи за заштеда на енергија, решенија во полето на индустриска автоматизација, автоматизација на згради, телекомуникации, инфраструктура за дата центри, полначи за електрични возила, обновлива енергија, складирање на енергија и приказ, а со цел да се поттикне развојот на паметно производство и одржливи градови. Како корпоративен фактор од светски размери, воден од својата мисија „Да обезбедиме иновативни, чисти и енергетски ефикасни решенија за подобро утре“, Делта ја користи својата докажана екпертиза за енергетски ефикасна електроника и нејзиниот ESG бизнис модел за да се справи со клучни еколошки проблеми, како што се климатските промени. Делта им е на располагање на своите клиентите преку своите продажни канцеларии, центри за истражување и развој и производствени капацитети распоредени на близу 200 локации низ пет континенти. Во текот на својата историја, Делта добива различни светски награди и признанија за своите деловни достигнувања, иновативни технологии и посветеноста на ESG. Од 2011 година, Делта е на листата на DJSI World Index of Dow Jones Sustainability™ индексот за одржливост 11 последователни години. Со робусни способности за истражување и развој и солидно искуство во индустријата повеќе од 20 години, Делта нуди производи и решенија за индустриска автоматизација со врвен квалитет, сигурност и прецизност кои се применуваат во широк спектар на индустрии, вклучувајќи електроника, компоненти, фотоелектрични панели, индустрија за храна и пијалоци, текстилна индустрија, дрвна индустрија, металургија, рударство, градежна индустрија итн. Посветени сме на обезбедување иновативни и сигурни паметни, зелени производствени решенија за глобалните клиенти, одржувајќи го нашето ветување за „Автоматизација за свет што се менува“.