DIAView SCADA софтвер

Софтверот DIAView SCADA (Supervisory Control And Data Acquisition) на Delta е систем за далечинско водење, дистрибуирано управување, мониторинг и аквизиција на податоци во реално време. Собира информации и врши анализи, овозможува далечинско следење и контрола, имплементира управување и визуелизација на производните процеси и ја зголемува севкупната ефикасност и капацитет на постројката. Системот DIAView SCADA има повеќекратна употреба во индустрии како што се машинерија, металургија, третман на вода, HVAC, пакување, контрола на централното греење, мониторинг на животната средина, текстилна индустрија, управување со енергија, транспорт, паметни згради и друго.


banerscada

 

Можности и Придобивки

  •  Стабилна индустриска комуникација, беспрекорна интеграција со Delta PLC и уреди од други производители
  •  WPF технологија за интуитивен интерфејс
  •  Флексибилни, разновидни променливи и параметри
  •  Интуитивен графички приказ
  •  Силен и ефикасен алармен систем
  •  Лесен за учење VBScript јазик
  •  Доверливо управување со привилегии на корисници
  •  I/O точки: 64, 128, 256, 512, 1000, 1500, 3000 и неограничено
  •  Лиценцирање: преку USB хардверски клуч за да ги овозможите сите овластувања

  

  scada1