Индустриски Напојувања

Во автоматизираниот производствен процес, напојувањето е основната компонента која бара висока стабилност и безбедност. Сериите DVP, DIN Rail Mount, CliQ, PMC/PMT Panel Mount се високо ефикасни и стабилни индустриски напојувања. Делта Електроникс, глобален лидер во решенијата за управување со електрична и топлинска енергија, е ненадмината во професионалниот дизајн и искуството во доменот на индустриски напојувања.


banersupply

LYTE II серија

Најновата серија LYTE II на DIN Rail напојување на Delta е до 30% потенкa во споредба со претходната верзија LYTE I. Ова резултира со заштеда на скапоцен простор за инсталација. Серијата нуди избор на номинален излезен DC напон од 12V, 24V и 48V и моќност 120W и 240W и 480W. Заштитата од прекумерна струја е дизајнирана да работи во режим на постојана струја, што ја прави серијата LYTE II погодна за апликации со индуктивни и капацитивни потрошувачи. Сертификациите и одобренијата вклучуваат IEC 60950-1, IEC/EN/UL 62368-1, IEC/EN 61010-1 & 61010-2-201, CCC, EAC и RoHS директива. Електромагнетните зрачења и емисии се усогласени со тешките индустриски EN 61000-6-4 Class B Emission standard и EN 61000-6-2 Immunity standard.

  ps1

Force-GT серија

Делта го лансираше новото DIN Rail напојување од серијата Force-GT со монофазни и трифазни модели. Серијата има широк опсег на моќност од 120 W до 960 W, висока енергетска ефикасност до 95%, и ултра тенок дизајн. и излезен напон од 12 V, 24V и 48 V. Таа е еколошка и значително ја намалува непотребната потрошувачка на енергија и дополнителните оперативни трошоци. Одликувајќи се со работна температура со широк опсег од -30°C до 70°C, ладен старт на -40°C, температура за целосно оптоварување до 60°C и заштитни облоги кои спречуваат прашина и хемиски загадувачи, серијата може да се примени во сурови индустриски средини. Со гореспоменатите предности, серијата Force-GT е доверлива и ги задоволува барањата за напредни машини со висока стабилност, како што се полупроводничка опрема, напредна производствена опрема и индустриски роботи. Во споредба со претходната генерација, серијата Force-GT нуди намален волумен за 30% - 50%, на тој начин овозможувајќи повеќе простор во машините/електро-ормарите. Покрај тоа, вграденото DC OK реле овозможува сигнализација за исправноста. Серијата е во согласност со повеќе меѓународни безбедносни сертификати и ги исполнува стандардите за тешка индустрија и полупроводници за да им понуди високо ефикасни и стабилни напојувања на клиентите ширум светот.

  ps2

Sync серија

Ултра компактното DIN Rail напојување од серијата Sync нуди излезни DC напони 5V, 12V, 24V. Серијата Sync бара помалку простор за инсталација со неjзиното ултра компактно куќиште со висина од само 75 mm. Цврстата пластична обвивка е огноотпорна, потврдено според спецификацијата UL 94V-0. Производот нуди универзален влезен напон од 85-264Vac и има широк работен температурен опсег од -20°C до 70°C. Применлив е за монтажа во индустриски услови согласно стандардите IEC 61000-4-4 и IEC 61000-4-5.

  ps3

PMT2 серија

Серијата PMT2, дизајнирана врз основа на низок профил од < 30 мм, е најновата серија на panel-mount напојување од Delta Electronics. Оваа серија моментално е достапна со излезен DC напон од 5V, 12V и 24V. Има широк работен температурен опсег од -30°C до +70°C и може да издржи удари и вибрации (во согласност со IEC 60068-2-27 и IEC 60068-2-6 соодветно). Серијата PMT2 е дизајнирана за ценовно конкурентни апликации без да се загрозат квалитетот и сигурноста. Производите имаат очекуван животен век од 10 години.

  ps4