AC Инвертери Фреквентни Регулатори

Фреквентните регулатори на Delta се опремени со современа енергетска електроника и напредна микропроцесорска технологија која им овозможува ефикасно да ја контролираат брзината на моторот, да ја подобрат автоматизацијата на машината и да заштедат енергија. Искористувајќи ја нашата силна позиција во доменот на енергетска електроника, брзо ја развивавме нашата линија на фреквентни регулатори. Секоја серија на инвертори е дизајнирана да ги задоволи специфичните потреби на одредена апликација. Нашите инвертери прецизно ја контролираат брзината и вртежниот момент, лесно се справуваат со зголемено оптоварување и нудат многу различни конфигурабилни режими на работа. Нашата палета на AC инвертери обезбедува широк опсег на технологии за контрола на мотор. Нашите фреквенти регулатори се користат во многу различни индустрии за современа автоматизација на машини.

  banervfd

VFD-EL-W серија

  • Моќност: 230V монофазен 0,2kW~ 2,2kW / 460V трофазен 0,4kW~4,0kW
  • Повеќебрзински режими на работа и контрола преку: дигитален панел, надворешен терминал и Modbus комуникација
  • Истовремена контрола на повеќе пумпи; PID регулација; Компензација на вртежен момент; Детекција на протекување;
  • Поддржана е апликација на еден инвертор со два мотори поврзани паралелно и има Timeout Detection функција.
  • Висок капацитет на преоптоварување, 150% од номинална струја за времетраење од 1 мин.
  • Погоден за кантерици, транспортери на материјал, пумпи со константен притисок
  • Сертификација: CE, RoHS, GB12668.3

  

  vfd1

ME300 серија

  • Поддржува индуктивни мотори/мотори со перманентен магнет  и  VF / SVC контрола со отворена јамка
  • Дизајниран со двојна карактеристика:
    - 120% во времетраење од 60 seconds за Normal Duty (ND)
    - 150% во времетраење од 60 seconds за Heavy Duty (HD)
  • До 200% од номиналниот стартен вртежен момент на 0.5 Hz
  • 2 сета на параметри за мотори за управување со повеќе мотори
  • Поддржува брзи пулсни и PWM сигнали на влез за едноставна контрола со затворена јамка
  • Вградена функција за управување со една/повеќе пумпи
  • Враден склоп за кочење кај целата серија
  • Опциски вграден EMC филтер за монофазни 230V (C2), трофазни 460V (C3) модели
  • Опциски вградена Safe Torque Off (SIL2/PLd) функционалност
  • 100% PCB обвивка за кола (IEC 60721-3-3 class 3C2) и термален дизајн за сурова околина
  • Погоден за вентилатори & пумпи, транспортери на материјал, екструдери, пакерки, дрвопреработувачки машини

 

  vfd2
vfd3

MS300 серија

  • Поддржува контрола со отворена јамка на индуктивни мотори/мотори со перманентен магнет 
  • Излезна фреквенција
    - Стандардни модели: 0 - 599 Hz
    - Брзи модели: 0 - 1500 Hz (V/f Control)
  • Дизајниран со двојна карактеристика:
    - 120% во времетраење од 60 seconds за Normal Duty (ND)
    - 150% во времетраење од 60 seconds за Heavy Duty (HD)
  • Вграден PLC процесор со капацитет на меморија 2K steps 
  • Враден склоп за кочење кај целата серија
  • Отстранлива LED лед тастатура со 5 цифрен дисплеј за далечинска операција
  • Усогласен со стандарди за безбедност: Safe Torque Off (SIL2/PLd)
  • Функција за управување на повеќе мотори, 4 сета на параметри за индуктивни мотори
  • Опциски вграден Class A (C2) стандарден EMC филтер за монофазни 230V , трофазни 460V модели
  • Еден вграден брз импулсен влез MI7 со максимална фреквенција до 33kHz 
  • Еден вграден брз импулсен излез DFM со максимална фреквенција до 33kHz
  • 100% PCB обвивка за кола (IEC 60721-3-3 class 3C2) и термален дизајн за сурова околина
  • Еден вграден комуникациски слот за приклучување на комуникациска картица: CANopen, PROFIBUS DP, DeviceNet, MODBUS TCP, EtherNet/IP
  • Погоден за вентилатори & пумпи, компресори за воздух, алати за машини, текстилни машини, дрвопреработувачки машини, пакерки

 

  vfd4
vfd5

MH300 серија

  • Капацитет на оптоварување до 150% за 60сек. и 200% за 3сек. Соодветен за апликации со константен вртежен момент 
  • Поддржува индуктивни мотори/мотори со перманентен магнет со опциски PG картици за високо прецизна контрола на брзина и позиција 
  • Испорачува моќен вртежен момент на ниска фреквенција (0.5 Hz / 200% без PG векторска контрола; 0 Hz / 200% со PG векторска контрола)
  • Вградена функција за константно растегнување/намотување (constant tension control function)
  • Управување со брзина, позиција, вртежен момент
  • Вграден PLC процесор со капацитет на меморија 5K steps; 
  • Вградена STO (SIL2 / PL d) безбедносна функција и мерења за моментални прекини во напојувањето
  • Сите модели може да се поврзат на заеднички DC bus 
  • Вграден Modbus и CANopen интерфејс; опциска комуникациска картица со EtherNet/IP, Modbus TCP, EtherCAT, DeviceNet, PROFIBUS DP и PROFINET
  • Опциски модели со вграден филтер
  • Опциска картица со напојување 24V за заштита од неочекуван прекин во работењето
  • Два вградени брз импулсни влезови  (MI6 & 7) и еден излез (DFM) со максимална фреквенција до 33kHz 
  • Два вградени слота за дополнителни картици (PG картица, проширувачка I/O картица, комуникациска картица или 24V напојна картица)
  • Можност за проширување со 3DI и 3DО, вкупно 6 точки
  • Можност за проширување со 2 или 3 релиња
  • Напредна функција за контрола на намотување/растегнување
    - вградена пресметка на дијаметар за намотување преку линеарна брзина, дебелина на материјал и мерење на далечина
    - два PID параметри: Линеарно подесување за контрола на намотување на почеток, на големи/мали ролни и со висока/ниска линеарна брзина
    - функција за пресметка на tension taper: Автоматски го подесува намотувањето во зависност од дијаметарот на ролната за да избегне виткање и деформација
    - компензација на триење и инерција при управување со вртежен момент: Автоматски го компензира триењето и инерцијата во тек на мотање/одмотување за да се постигне константно оптоварување
  • Автоматска промена на ролна со употреба на надворешен сигнал без да има потреба да се гаси машината
  • Погоден за алати на машина, текстилна машинерија, апликации за преработка на дрво, гума и пластика, апликации со намотување/одмотување
  vfd6
vfd7

C2000 серија

  • Управување по брзина/вртежен момент/позиција, дизајниран со двојна карактеристика (Normal duty/heavy duty)
  • Беспрекорно управување/ограничување по вртежен момент во 4 квадранти
  • 2 во 1 (можност за индуктивен мотор или за синхрон мотор)
  • Вградена Delta PLC функционалност, функција за безбедно запирање и единица за кочење
  • Поддржува широк дијапазон на мрежни протоколи
  • Синхроно управување по позиција
  • Дизајниран со долг животен век и детекција на животен век на важни компоненти
  • Подoбренa заштита и адаптација на амбиентални услови
  • Во согласност со светските безбедносни стандарди CE, UL and cUL
  • Модуларен дизајн за лесно одржување и голема можност за проширување
  • Брз комуникациски интерфејс со вградена CANopen и MODBUS комуникација (опциски картици за PROFIBUS-DP, DeviceNet, MODBUS TCP и EtherNet/IP)
  • Дизајниран за кранови и машини за печатење

  

  vfd8
vfd9

C2000 плус серија

  • Векторска контрола со високи перформанси
  • Управување по брзина/вртежен момент(master/slave)/позиција, дизајниран со двојна карактеристика (Normal duty/heavy duty)
  • Капацитет на оптоварување до 150% за 60сек. и 180% за 3сек.
  • Беспрекорно управување/ограничување по вртежен момент во 4 квадранти
  • можност за индуктивен мотор, за мотор со перманентен магнет, за синхрон мотор
  • Вградена Delta PLC функционалност (10k steps), функција за безбедно запирање и единица за кочење
  • Поддржува широк дијапазон на мрежни протоколи
  • Синхроно управување по позиција
  • Дизајниран со долг животен век и детекција на животен век на важни компоненти 
  • Подoбренa заштита и адаптација на амбиентални услови
  • Во согласност со светските безбедносни стандарди CE, UL and cUL
  • Модуларен дизајн за лесно одржување и голема можност за проширување
  • Брз комуникациски интерфејс со вградена CANopen и MODBUS комуникација (опциски картици за PROFIBUS-DP, DeviceNet, MODBUS TCP и EtherNet/IP)
  • Дизајниран за eкструдери, мелници за гума, машини за вбризгување, машини за виткање цевки, транспортни системи, машини за намотување, кранови, системи за подигање на театарска сцена, печки за калење стакло, електромагнетни мешалки

 

  vfd10
vfd11

CP2000 серија

  • Вграденoто 10K steps Delta PLC му овозможува на корисникот да изврши дистрибутивна контрола и независна контрола при поврзување со мрежен систем. Инверторите од серијата Delta CP2000 ви овозможуваат интелигентна контрола како никогаш до сега
  • Календарската функција му овозможува на корисникот програмира во PLC ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ по хронолошки редослед, летно сметање на времето итн.
  • Широк асортиман на модели (0,75~630KW) за исполнување на барањата на различни индустрии.
  • Модуларниот дизајн го олеснува одржувањето и проширувањето.
  • Интерфејси за комуникација со голема брзина со протокол вграден MODBUS протокол и вграден BACnet протокол. Така, следните опции се достапни за вас: ProfiBUS-DP, DeviceNet, MODBUS TCP, Ethernet-IP и CANopen картички.
  • Дизајниран со долг животен век и детекција на животен век на важни компоненти
  • Специјален дизајн на облога со PCB (печатено коло) за помало влијание на животната средина.
  • Во согласност со светските безбедносни стандарди CE, UL and cUL
  • Стандарден LCD модел (IP20/NEMA1) со вградено PLC со меморија 10K steps
  • Одличен дизајн на ладилник. Може да работи на амбиентална температура од 50°C и да ја прилагоди автоматски номиналната излезна вредност за да може инверторот да работи непрекинато
  • Вклучете го режимот за пожар во итен случај за да имате непречено ослободување на чад и додавање на притисок
  • Контрола на повеќе пумпи со фиксна количина, контрола на циркулирање со фиксно време. Може да контролира 8 пумпи во исто време.
  • Дизајниран за пумпи со фиксно поместување (фиксен проток и фиксно време), автоматизација на згради, автоматизација на фабрики, HVAC системи, пумпи за ладење, кули за ладење и општи за моторни апликации

 

  vfd12
vfd13