DIAEnergie Софтвер за Менаџмент со Потрошувачка на Енергија

Системот за менаџмент со индустриска енергија DIAEnergie на Делта им овозможува на компаниите да ги визуелизираат и подобрат своите електрични и енергетски системи, a ова е особено важно кај големите потрошувачи. Овозможува рачна интервенција и автоматско управување преку прибирање на податоци, систематска анализа, отстранување проблеми и дијагноза за заштеда на енергија. Системот ја следи и анализира потрошувачката на енергија во реално време, ја пресметува потрошувачката на енергија и карактеристиките на оптоварувањето, ги оптимизира перформансите на опремата, ги подобрува производните процеси и ја максимизира енергетската ефикасност. Системот DIAEnergie претставува основа за развој на стратегија за управување со енергија и е ефективна алатка за контрола на енергијата што и овозможува на компанијата да ја подобри својата енергетска ефикасност и да ги намали вкупните оперативни трошоци.

 


banerenergie

 

Можности и Придобивки

  • Конфигурабилен енергетска приказ од страна на корисникот
  • Визуелизирано, далечинско следење и анализа
  • Историски извештаи, статистичка анализа и управување со аларми за различни апликации
  • B/S структура базирана на мрежа за далечинско следење и управување со системот во реално време
  • Управување со привилегии на корисници и можност за доделување на различни привилегии
  • Веб-базиран систем за менаџмент со индустриска енергија
  • Анализа на потрошувачката на енергија од различни перспективи (по региони, струјни кола и временски периоди)