Новости

Delta Electronics ги воведува компактните, AX-300N и AX-324N PLC mid-range контролери

Delta Electronics ги воведува компактните, AX-300N и AX-324N PLC mid-range контролери

Поедноставено програмирање, поддршка на повеќе протоколи за индустриска комуникација

Delta ги претставува компактните, AX-300N и AX-324N PLC контролери од средна класа.

Овие контролери од серијата AX-3 нудат развојна околина CODESYS за изработка на интелигентни апликации за индустриска автоматизација.

Компатибилноста со производите на Delta AS Series IO и поддршката за широк опсег на индустриски комуникациски протоколи, вклучувајќи ги функциските блокови PLCopen v1.0, Ethernet/IP и OPC UA сервер овозможуваат примена во широк опсег на апликации за автоматизација на пакување, храна и пијалоци, керамика, текстил и енергија.

За дистрибуирани RIO или конвенционални конфигурации
Новите PLC контролери го прошируваат портфолиото на производи на Delta, нудејќи им на клиентите повеќе опции и за конвенционални контролни системи со интегрирани влезови/излези во контролерот, како и за далечински влезно/излезни единици (дистрибуирани RIO).
AX-300N е исплатливо решение кое обезбедува компатибилност со комплетното портфолио на Delta AS-Series IO. Добро е прилагоден за дистрибуирани RIO единици што можат да резултира со значителни предности, вклучително и заштеда на кабли, полесна адапцтија и поголема флексибилност при дизајнирање на систем за автоматско управување.
За конвенционалните инсталации, AX-324N нуди 16 интегрирани дигитални влезови, 8 дигитални излези и 6 HSC канали со 200 kHz фреквенција. Двата модели обезбедуваат двојни Ethernet порти со поддршка за EtherNet /IP (скенер/адаптер) и OPC UA сервер.

Процесор со високи перформанси и широка поддршка за протоколи
Со најновото ажурирање, процесорот со високи перформанси во AX-300N и AX-324N обезбедува поддршка за FTP/SFTP, MQTT, Profinet Slave и IOLink комуникациски протоколи. Овие комуникациски функции сега овозможуваат  и надворешна интеграција на CODESYS.

Побрз развој со DIADesigner-AX
Софтверот DIADesigner-AX го интегрира CODESYS во софтверската платформа DIAStudio на Delta. Околината обезбедува поддршка од фаза на планирање па се до извршување и пуштање во работа. Ја поедноставува имплементацијата на едноставна и сложена контрола на движење, вклучувајќи движења со една и повеќе оски, редуктори, ECAM и интерполација. Исто така, помага да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди како што се IEC 61131-3 и PLCopen. Програмерите ќе имаат корист од интегрираните алатки вклучувајќи осцилоскоп, симулатор и CAM едитор.

AX-300N и AX-324N накратко
Обработка со високи перформанси, голем капацитет на податоци и брзина на извршување
Компатибилност на AS модул за пристап до сеопфатното IO портфолио на Delta
Поддршката за главните  fieldbus  технологии ја поедноставува интеграцијата на уредите од надворешни производители
Ефтин пристап до контрола на движењето базирана на CODESYS