Новости

Делта присутна на саемот „Хановер Месе 2023“

Делта присутна на саемот „Хановер Месе 2023“

„Делта“ презентираше решенија за паметно производство, вклучително и ново лансираниот  фреквентен регулатор за вентилатори, пумпи и компресори VP3000 Drive.

Специјално е дизајниран да ја подобри ефикасноста на работата на машините и има висока моќност до 630 kW и ја подобрува продуктивноста со ниско хармонично изобличување (THDi) до 35% кај индустриските мотори. Беше прикажанa и пионерската DC-DC единица за конверзија и полнење  со моќност од 5 kW за водородни ќелии, со 93% ефикасност и широк опсег на влезен напон. Ова решение е одговор на потребата на новите пазари за зелена технологија со потенцијал да се елиминираат емисиите на јаглерод.