Новости

Фреквентни регулатори МЕ300 серија

Фреквентни регулатори МЕ300 серија

❗ Хас Инженеринг ви нуди ME300 фреквентни регулатори од лагер.

Серијата ME300 на Delta е компактен фреквентен регулатор со векторска контрола од новата генерација што ја наследува технологија на Delta за инвертери, но има намалување на големината до 60%.  Поддржува индуктивни мотори и мотори со перманентен магнет, обезбедувајќи поголема ефикасност и флексибилност.  Многу клучни функции веќе се стандардно вградени за да се намали потребата за дополнителни трошоци и да се скрати времето на монтажа. Опциски поддржува и STO функција за превенција на оштетувања.

Со својот интуитивен кориснички интерфејс, ултра компактна големина, брза монтажа, флексибилен и издржлив дизајн, ME300 е вашето решение за зголемена конкуретност на пазарот и успешно работење.

За повеќе информации посетете: 👉 https://www.deltamk.com/ac-inverteri-frekventni-regulatori