Delta, реномиран светски креатор на решенија за индустриска автоматизација, ја лансираше својата нова напредна серија на компактни AC фреквентни регулатор MH300.
Со опсег на моќност од 0,4 до 75 kW и бројни функции за контрола на намотување.
Tој е погоден за широк опсег на апликации со постојан вртежен момент како што се машински алати, машини за истиснување, машини за свиткување, транспортни системи, кранови и дигалки. MH300 доаѓа и со вграден EMC филтер за ограничување на електромагнетните зрачења. Апликацијата Zero speed holding torque со индуктивен мотор може да се реализира со отворена јамка - нема потреба да се инсталира дополнителен енкодер. Секогаш кога имате ролни материјал како што е во печатарската и индустријата за производство на хартија или индустријата за производство на електрични кабли, затегнувањето е важен дел од производниот процес. Широкиот опсег на моќност и супериорните перформанси во комбинација со збир на способности за затегнување го прават MH300 одличен избор. Особено кога просторот за монтажа е ограничен.
Напредни функции за контрола на намотување
MH300 доаѓа со можност за пресметување на дијаметарот на ролната користејќи линеарна брзина, дебелина на материјалот и растојание. Два PID параметри им овозможуваат на корисниците да го контролираат напрегањето при старт на моторот за мали и големи ролни и при високи и ниски брзини. Бидејќи потребниот вртежен момент за затегнување на материјалот зависи од преостанатиот дијаметар на ролната, MH300 може да изврши и tensor taper пресметка. Ова автоматски ја прилагодува затегнатоста во согласност со дијаметарот на ролната за да избегне набори и деформации на материјалот за време на обработка од ролна во ролна. Триењето и инерцијата автоматски се компензираат при намотување и одмотување за да се одржи константна затегнатост. На функцијата за автоматско менување ролни и треба само надворешен сигнал, не е потребно исклучување на машината. Перформансите, безбедноста и комуникациските интерфејси овозможуваат флексибилност Способноста за преоптоварување на новиот фреквентен регулатор MH300 е 150% за период од една минута или 200% во тек на три секунди, што го прави погоден за примена во апликации со постојан вртежен момент.
Вградениот PLC со 5k steps меморија поддржува системско програмирање и ги намалува вкупните трошоци за изработка на апликација. Исто така, во основната верзија на MH300 се вклучени CANopen и MODBUS комуникациите за да се обезбеди компатибилност со широк избор на контролери и периферна опрема. Опциските интерфејси вклучуваат PROFIBUS DP, DeviceNet, EtherCAT, EtherNet/IP, Modbus TCP и PROFINET.
Опциска PG картичка
Производителите може опционално да го опремат MH300 со опциска PG картичка.
Со оваа картичка, контролата на брзината е уште постабилна и корисниците добиваат поголема ефикасност при контролата на моторот. PG-картичката (300 kHz) овозможува попрецизна контрола на брзина и позиција во затворена јамка.
MH300 може да вози до четири индуктивни мотори. Кога се користи multimotor control, можно е да се возaт дури осум мотори со една единица.Достапна е дополнителна картичка за напојување од 24 V за да се обезбеди непрекинат режим на работа.
Повеќе информации за целосната гама на фреквентни регулатори се достапни на следниов линк https://www.deltamk.com/ac-inverteri-frekventni-regulatori